Atomska Banja
Atomic Spa
Atomkurbad
Атомска Баня
Атомската Бања
Spa Atomica
Atomska banja
Registracija Korisnika
| Press clipping |
|
|
|
|
За големата популарност на Трепча, како Лекувалиште, покрај докажаните квалитети на водата, неспорно многу допринесоа и текстовите објавени во веснците, часописите, магазините- од стручен медицински но и од забавен карактер. Посебно се интересни оние, кои што содржат исповеди од пациентите и нивните искуства во лечењето со бањската вода.некои од текстовите, посветени на нашата бања ги пренесуваме во целост на нашите страници:
СВЕТ Враќање од безнадежтаД. Симовиќ „ Враќање од безнадежта“ Н.Ц. 44-годишна службеничка од Крњача, кај Белград, десет години болувала од окостување на кичмениот столб (spondilosis), дископатија, хронично воспаление на зглобовите и некои стомачни болести. Била на секави клиники, примала инјекции и пиела лекови, но немало никакво подобрување. Меѓутоа, после 10 дена поминати во Горна Трепча и 20 капења во термо-минералната вода дома се вратила целосно опоравена. После неколку дена осетила подобрување. Болките остепено почнале да се губат. Се послободно можела да се движи. За неа пешачењето од неколку километри не претствувало, веќе, никаков напор. Секојдневно оди на работа во претпријатието, и успешно ги обавува сите домашни обврски.
Горна Трепча- Атомска Бања Овде здравјето извираВо близината на Чачак се наоѓа лекувалиште познато во земјата и низ целиот свет, по изворите со лековитата вода, која што помага во лекувањето на читав низ на болести, па дури и на тешката болест- мултиплекс склероза. Но не е само водата во прашање, туку и единствениот склад на преубавата природа и на топлите гостопримливи домаќини кои и здравите ги прават поздрави. На шестиот километар од Чачак кон Краљево од Ибарската магистрала се одвојува патот кон Трепча. Тесната асфалтна лента кривејќи се минува низ прекрасните пејзажи, час питоми и благи час диви, исполнети со бујна вегетација. Покрај овоштарниците и нивите на Долна Трепча, па низ шумските растенија околу изворот на рекичката Бање. И така до првите куќи и кафеаната на селото во кое одиме. Понатаму нема пат. Затворен со стрмниот Вујан, од една страна, и со благите падини на Буковиќ, од друга страна, урбаниот центар на Горна Трепча наликува на продолжена инка. Краткиот и долг дел воглавном го формираат напуштените куќи на мештаните од десната страна на реката Бање или Бесен поток како што ја нарекуваат мештаните. Од левата страна има нови и убави куќи, со соби за издавање. Широкиот дел од земјената инка составен е од беспрекорно уредениот и чист парк со продавници, кафулиња и киосци. Од горната страна тој простор го затвараат зградите на управата и стационарот на Природното лекувалиште Горна Трепча, како што гласи званичниот статус на оваа, заправо, природна бања. Ова лековито место, сместено во пазувите на јужна Шумадија во седумдесетите години се прочу во земјата, а и пошироко како „атомска бања“ . не се знае кој го смислил ова име, но може да се заклучи како настанало. Имено, стручните лица на Институтот за геолошко- рударски истражувања и испитувања на нуклеарните суровини од Белград, утврдија дека водите од термоминералните извори во Горна Трепча, покрај вообичаените елементи во бањските води, содржат и ретки како што се: цезиум, стронциум, рубидиум, литиум, кобалт, ванадиум, радон, титан и уран. Од тамо потекнува идејата на кумот. Гласот од овој наод стигна и до новинарите. Се појавија наслови од типот „Дојдоа во колички, си отидоа без нив“, или „Штаките не им се потребни повеќе“, гласот се ширеше со брзина на светлоста. Во Горна Трепча, до тогаш непознатото и зафрлено село, доаѓаат посетители од сите страни, оние кои не веруваат и оние кои се радознали. Тоа се деси во 1969. година. Во првиот момент, запрепастените селани од огромната гужва добро се снашле. Едни рашириле шатори, други донеле од негде некои стари од употреба исфрлени автобуси, трети доградувале бараки на куќите...Призорот потсетувал на оној од војната. На болните, од кои званичната медицина дигнала раце, ништо не им пречело. Од година во година доаѓале се повеќе. Доаѓале од сите краеви на Југославија, но и од Шведска, Италија, СССР, Грција, Бугарија, Полска, Франција, Германија па дури и од Америка. За Горна Трепча се заинтересирале и научниците од повеќе земји. Архитектот Михаило Митровиќ направил и урбанистички план за идната бања. Во него биле предвидени пет хотели, од највисока категорија, современ простор за капење, голем мотел, комплекс од спортски терени, ресторани и други пратечки објекти. Од странство стигале и конкретни финансиски понуди, меѓутоа одговорните во Чачак останале и глуви и слепи. Дури 1975. година модернизиран е патот кој што се одвојува од Ибарската магистрала кај селото Станчиќи, и води до Горна Трепча. Изграден е првиот стационар со скромни капацитети и со скромни услуги. Изѕидани се бреговите на рекичката Бања ( Бесен Поток), отворени се првите купатила ( женско и машко), уредена е околијата, некои мештани вложиле пари во современи и комфорни објекти со соби за издавање, изградена е канализација, потоа и водовод, и во осумдесетите забележан е број од 16.000 лица во еден месец. Нова анализа на водата направена е 1990. година во Институтот за физикална медицина и рехабилитација на Србија,и покажала дека трепчанската вода, покрај порано востановените минерали, содржи и селен. Воочени се и значителни подобрувања кај заболените од мултиплекс склероза, што ги испровоцирало италијаните да вложат пари во проширувањето на постоечкиот стационар, да набават нови кади и други апарати потребни за терапија. Тие вложиле 200.000 долари, со договор, до исплатување на целосниот долг овде да се лекуваат нивни пациенти заболени од споменатата тешка болест. Пари сакаа да вложат и Германците и Американците. А тогаш дојде до распад на земјата, војни, изолации и немаштија- се застана, застана и развојот на Лекувалиштето. Конечно дојдоа, се надеваме, подобри денови. Се надеваат и вработените во Лекувалиштето. Нормално, гостите и понатаму доаѓаат во оваа природна бања. Нивниот број не е ни приближно ист со оној од осумдесетите години, материјалната немаштиjа го направи своето. А бидејќи природното лекувалиште нема статус на бања, здравствените осигуреници не можат да ги користат неговите благодети. Што им овозможува Горна Трепча, денес, на пациентите и на нивните пратители? Пред се , тоа се подразбира, здравствена помош. За тоа разговараме со госпоѓа Весна Васовиќ Станковиќ, директор на Лекувалиштето „Горна Трепча“. - И покрај тешката ситуација која што ја наследивме во овој краток период успеавме да набавиме 8 нови кади за подводна масажа со минерална вода и така го решивме проблемот со повеќе часовното чекање на пациентите да дојдат на ред, затоа што оваа терапија се спроведува кај сите заболувања кои овде ги лекуваме- говори нашата соговорничка. - На големо задоволство на гостите ја реновиравме и чешмата од која лековитата вода ја полнат во балони и во шишиња. Купивме и нов ласерски апарат, планираме набавка на уште такви, чим ќе бидеме во можност, а се е со цел проширување на физикалниот дел од терапевтскиот блок. Штом ќе завршиме со обновување и со проширување на здравствениот дел, ќе се позабавиме и со содржините потребни за рекреативниот туризам. Ќе ги обновиме и „патеките на здравјето“, низ околните шуми, наменети за подвижните пациенти но и за гостите.- Во нашиот стационар располагаме со 108 постели, во бунгаловите има уште 50. во приватното сместување гостите имаат на располагање околу 3000 кревети со можност за полн пансион- вели госпоѓа Весна. – Гостите на нашиот стационар ги користат услугите на ресторанот кои што им се само ним наменети. Може да се комбинира: приватно ноќевање и исхрана во нашиот ресторан. Покрај лековитите води, чистиот воздух и пријатната клима, гостите, посебно оние од градовите, одвикнати од животот во природата, во Горна Трепча ги очекуваат низа изненадувања. Од околните шуми деноноќно се огласуваат птиците, посебно се издвојува славејот. Им терцираат жабите од потокот, сакаат да кажат дека водата е чиста и незагадена, а доказ за тоа се и рибите во вировите. Кукурикањето на петлите во зората и преку ден, шокантно делуваат на ушите навикнати на секојдневната градска врева од трулите ауспуси и од хистеричнита авто-аларми. Љубезноста на вработените во стационарот и на домаќините кај кои што сте сместени ве следи на секој чекор. Едноставно речено, ова е идеално место за опоравување на душата и на телото.Не се шегуваме, потврдено е дека несилките во Горна Трепча се подобри од оние во другите села. А надлежните во Чачак и понатаму се и слепи и глуви. Никако да им светне дека Лекувалиштето е вистински бисер, кој со не многу големи вложувања би можел да го издржува Чачак. Вива во природното лекувалиште Горна Трепча Чуда нема, но....Опоравувањето на невролошките пациенти и на реуматичарите во ова лекувалиште е одамна потврдено: купките во лековитите води и пиењето на таа вода, со другата терапија и со прошетките по „патеката на здравјето“ секогаш даваат резултати. Денот е сив, ладен, но без дожд, а млада жена со стап (кој што, барем така ни се чини, не и треба) тргнала во прошетка по „патеката на здравјето“ над стационарот на управната зграда на Природното лекувалиште Горна Трепча. Чекори сигурно, со подигната глава, се насмевнува. - Ова е мојот втор дом, веќе четириесет и четврти пат сум тука, за последниве седумнаесет години колку што болувам од мултиплекс склероза- говори Олгица Пљевачиќ, пензионерка од Ниш.- Се крстам во Горна Трепча, затоа што во неа, благодарејќи им на прекрасните лекари, пожртвуваните вработени, а најмногу на „гениалниот“ физиотерапевт Иван, после тригодишна неподвижност проодев и се препородив. Луѓето велат нема чуда, се во животот е реално и објаснето, но ако познатиот професор доктор Михајло Пантовиќ од Крагуевац рекол дека Горна Трепча е чудо, јас сум спремна тоа постојано да го повторувам, макар и во шега. Со што оваа пациентка( не дозволува така да ја нарекуваат, тврдејќи дека станува збор за „една состојба“ а не за тешка болест) го објаснува своето опоравување? Мултиплекс склероза (МС) е автоимуно хронично заболување кое што за сега не се лекува, се лекуваат само симптомите, а таа- како, и сите „емесовци“, како што самите себе са нарекуваат- говори за својот препород... - со делувањето на водата во која што се капам, ја пијам, дури и ја носам дома во Ниш, потоа со буквално лековитиот однос на медицинскиот персонал кон нас, како и со единственото доживување на оваа убавина околу нас, оваа прекрасна природа, чистиот незагаден воздух, пријатните струења- вели Олгица Пљевачиќ.- ако не сте знаеле Горна Трепча лежи на магнетно поле, нејзиниот растителен свет обвиен е со некое специфично зрачење, водата е со вулканско потекло и е полна со драгоцени минерали.
Десет илјади гости годишноШто се опфаќа терапијата, сем пиењето на водата и капењето во неа, во нејзините 28 степени, како што стои во проспектите? - Кај мене, ништо друго, затоа што лечењето на мултиплекс склерозата ја исклучува електротерапијата- дознавам од соговорничката. -Тие разни врсти на струи.... Сум слушнала дека се викаат електрофореза, ултразвук и магнет- не се за нас, но затоа слушам дека имаат одличен ефект во терапиите кај другите пациенти, посебно кај ревматичарите. Или кај состојбата на полуодземеност после шлог...многу пати сум ги гледала тие луѓе како се опоравуваат овде, како полека им се помрднува раката, дланката, ногата. На пример, Душко Станковиќ, стар само 30 години, не можел да ја отвори дланката, еден од симптомите на церебралната парализа, а сега тоа го прави. Различните терапии го оспособиле и сега е целосно здрав човек. Одушевувањето од престојот во Горна Трепча го делат и другите гости. Готово сите се „ повратници“, затоа што како што вели Весна Станковиќ- Васовиќ, директор на Лекувалиштето, повеќето од нив доаѓаат по четири, пет, седум до десет пати по ред. - Ние никого не убедуваме во неопходноста на повторното лечење, затоа што знаеме дека не е лесно да се плаќаат околу 1.000 или 1.100 динари болнички ден со препишаната терапија, тие сами чувствуваат дека престојот и рехабилитацијата кај нас многу им значат и се враќаат онолку пати колку што им дозволува домашниот буџет- истакнува госпоѓа Станковиќ- Васовиќ.- За жал, здравствениот фонд не дава упати, тоа го чини само војската, иако се помалку, помагаат и разни градски друштва за мултиплекс склероза. Сепак местата секогаш ни се пополнети ( сем бунгаловите, кои не се грејат во зимскиот период), така да годишно низ нашето Лекувалиште поминуваат околу 10.000 пациенти. Смеам да тврдам дека од тука никој не си отишол незадоволен,тоа се однесува и за здравите луѓе кои што доаѓаат за да се одморат и да се освежат, со што се припремаат за понатамошната работа. Помеѓу „повратниците“ е и брачниот пар Новичиќ од Еслинген во Германија. Осумдесетгодишниот Милорад ( на кој никој не би му ги дал тие години, а својот јубилеј неодамна го прослави во ресторанот на Лекувалиштето) со години се борел со последиците од повредите на кичмата здобиени за време на војната, болувал и од ревматизам, а видливо помладата Регина имала тешко воспаление на мускулатурата, со јаки болки во бутовите и во рацете. - Од сестра му на Мишо, од Ариље, слушнавме за Горна Трепча, и тргнавме, не без скептицизам....ајде да пробаме, си мислевме, не може да ни штети, кога тоа, испадна дека многу ни помогна!- со добродушна насмевка говори госпоѓа Регина Новичиќ. –Па затоа дојдовме повторно, веќе трет пат. Двајцата одлично се чувствуваме, ни одговара препишаната терапија: купки, хидромасажа, електромагнет. - А ни влијаат благопријатно и вработените...видете ја оваа докторка Цеца, ја сакаме како ќерка а ги сакаме и сите други затоа што сите не прифатија како да сме род родени- говори со восхит овде популарниот чичко Мишо. –Не сум учен човек, ама знам, сум го пробал тоа... убавиот збор е незаменлив и неопходен лек, а овде тој лек го има во изобилие. Госпоѓа Славка Беговиќ од Крагуевац, само што се врати од прошетката по „патеката на здравјето“.... - .....Прекрасно чувство е кога се шета низ шумата- рече.- Од мала болував од ревматизам, одев на штаки, а сега во позрелите години, тие веќе не ми се потребни. Тука сум четврт пат и ќе продолжам да доаѓам, секогаш кога ќе можам.
Водите постојано се проверуваатПосле овие спонтани фалби, бањските лекари готово да немаат што уште да кажат за Природното лекувалиште Горна Трепча. Веќе споменатата др. Светлана- Цеца Младеновиќ- физијатар, го истакнува значењето на природните фактори- магнетното поле, водите полни со минерали, разновидниот растителен свет- кои одлично делуваат во комбинација со професионалната терапија. И вели, водите од сите три извора редовно се испитуваат, односно се проверуваат во соработка со Хемискиот факултет во Чачак, и со Институтот Винча во Белград, и тоа: бактериолошки на секој 15 дена, а во погледот на хемиските својства испитувањето се врши еднаш во три години. До сега секогаш биле поволни резултатите: во стаклени флаши и на темно, ни една од трепчанските води не го менува квалитетот, ни ефикасноста. А таа ефикасност се однесува на... -.... Сите ревматолошки болести, од воспалителни до дегенеративни, многу невролошки, како што се мултиплекс склерозата, церебралната парализа, состојбите после шлог, но и оболувањата на цревата и желудникот, со тоа што болните процеси не можат да се излекуваат туку може само да се стопираат, а нивните симптоми може да се ублажат или да се отстранат- дознаваме од др Лидија Обрадовиќ Бурсаќ, интернист и началник на здравствената служба. Но постои и нешто посебно важно за нашето лекувалиште: редовни гости ни се децата и младите луѓе, затоа што за жал, церебралната парализа, ги погодува најмладите, а МС се јавува по дваесетата година. На сите нив можеме да им упатиме општ совет: што порано да ја започнат терапијата, за да може процесот на болеста да се успори. И уште еден важен податок: нашите води одлично ги поднесуваат и пациентите со срцеви заболувања, па дури и оние со бајпас или со пејсмејкер. Сите нив, како и останатите пациенти, постојано ги контролираме и истите да не мора да се грижат и може да бидат сигурни во поволниот ефект од пропишаната терапија. Опоравувањето нема да изостане, а потоа следи понатамошно лекување дома, по потреба и по упатствата од лекарот. Оваа трепчанска идила ,помалку ја поматува веста дека Лекувалиштето ќе се приватизира. Нормално, ќе му припадне на оној „учесник на тендерот“ кој ќе понуди најмногу пари. Заинтересирани има...не е ни чудо покрај трите постоечки и четирите минерални извори чие испитување е во тек! Но пациентите се вознемирени. Што ако идниот сопственик види рентабилност во изградба на фабрика за минерална вода, за која што овде постојат и повеќе од добри услови, а да го занемари Лекувалиштето? Како тоа ќе влијае на оние десет илјади гости кои што со години и децении наназад „се крстат“ во своето опоравување во Горна Трепча. Но, не смееме да заборавиме дека ова лекувалиште неколку пати бараше да биде вклучено во бањите за кои Здравствениот фонд дава упати, но позитивен одговор не добивме.
Лековитите сили на природата: Бања Горна Трепча Мевлем за душа и телоБлагата клима, богатството од растителната покривка и лековитата вода од оваа бања даваат посебни можности за лечење, одмор и рекреација. Бањата Горна Трепча оддалечена е само 19 км од Чачак, се наоѓа на надморска височина од 460м. Лековитата вода, благата клима и богатата растителна покривка овозможуваат лекување, одмор и рекреација. Водата која извира од големите длабочини, помага при лекувањето на ревматските и невролошките болести, од кои посебно треба да ја истакнеме мултиплекс склерозата, потоа болестите на гастроинтестиналниот тракт, и заболувањата на периферните крвни садови. Спрема зборовите на Весна Васовиќ-Станковиќ, директорката на Лекувалиштето „Горна Трепча“, бањата располага со базени и кади, па возможно е лечење со хидромасажа, кинезитерапија, електротерапија. И покрај проблемите во изминатиот период, набавени се осум нови кади за подводна масажа со минерална вода, и така е решен проблемот со чекањето, знаеме дека оваа терапија се применува кај сите заболувања кои се лекуваат овде. Реновирана е и чешмата со лековитата вода за пиење, а купен е и ласерски апарат. Претстои обновување на „патеката на здравјето“ низ околните шуми. -Во стационарот од „Б“ категорија располагаме со 108 постели, во бунгаловите има уште 50, а во приватното сместување гостите имаат на располагање околу 3.000 кревети од прва до трета категорија, со можност за полн пансион- вели директорката Васовиќ-Станковиќ. – Тоа не е доволно ни за домашните ни за странските пациенти, па затоа сите кревети се полни. Добриот глас на далеку се слуша. Во Горна Трепча доаѓаат бројни гости Швеѓани, Италијанци, Руси, Грци, Бугари, Полјаци, Французи, Германци и Американци. Заинтересирани се научниците од повеќе земји, а архитектот Михајло Митровиќ, направил план за идната бања. Во него предвидени се пет хотела со највисока категорија, современ простор за капење, голем мотел, комплекс од спортски терени, ресторани и останати пратечки објекти. Тогаш од странство почнаа да пристигаат конкретни финансиски понуди , но надлежните во Чачак немаа доволно слух за тоа. Дури 1975. година е модернизиран патот кој што го спојува ова место со Ибарската магистрала кај селото Станчици. Изграден е првиот стационар со скромен капацитет, изѕидан е брегот на рекичката Бање (Бесен Поток), отворени се купатилата, уредена е околијата, изградени се водоводот и канализацијата. Анализата на вода во Институтот за физикална медицина и рехабилитација на Србија, покажала дека таа покрај порано востановените минерали содржи и селен. Воочено е и подобрување на здравјето кај заболените од мултиплекс склероза, што ги поттикна италијаните да вложат пари во проширувањето на стационарот, во набавката на нови кади и останати апарати потребни за терапија.
Ваквите облици на деловна соработка овозможуваат развој на бањата чии што лекоНовинска агенција „Авала“, 11.септември. 2001. Здравствен туризам – Горна Трепча „Атомската бања“ е добро посетенаГОРНА ТРЕПЧА, 11.септември (Авала) „Цените не се сменети од 1. мај, а најверојатно нема да се корегираат и во идниот период. Тоа значи дека гостите полн пансион во двокреветна соба плаќаат 650, капење во базенот 50, те, во када 60 и подводна масажа 150 динари“, вели директорот на Природното лекувалиште Весна Станковиќ- Васовиќ. Инаку, во Горна Трепча постојат 3200 кревета за пациенти и за нивните пратители, од кои 3.000 се во приватни објекти, 36 се во бунгалови на угостителското претпријатие „Морава“ од Чачак, 50 во бунгаловите на Природното лекувалиште, во чија сопственост е и стационарот од „Б“ категорија со 106 постели. Искористеноста на капацитетот е целосна, а најголем број на гостите се од Војводина, од централна и јужна Србија, од Црна Гора, од Република Српска, а во текот на минатите месеци имаше посетители и од Македонија. Природното лекувалиште во Горна Трепча и покрај големото интересирање, ни после три децении работење не успеа да добие статус на лекувалиште. Затоа, спрема зборовите на Весна Станковиќ-Васовиќ, неопходно е населбата да изгради современ водовод и канализација, што судејќи по плановите за водо-снабдувањето од системот „Рзав“ ќе биде остварено дури за четири години. Во Горна Трепча планирана е изградба на рехабилитационен центар со меѓународна важност, што подразбира претходно утврдување на реалните капацитети и изворишта на термоминералната вода. Спрема порано спровеените истражувања, од земјата извираат 17 литри во секунда. Во тек е изработка на елаборатот за резервите на минералните води, најделотворни во лечењето на мултиплекс склерозата, на другите оболувања на невровегетативниот систем и болестите на органите за варење. Врз основ на нив детално ќе се утврди колкави се резервите за терапевтски намени, кои би можеле да се искористат за комерцијални намени, имајќи го во предвид тоа дека постои големо интересирање од поедини домашни и странски инвеститори овде да вложуваат средства.
Експрес политика, 1.09.1999. година После 19 години, овде повторно потрчавБ. Симоновиќ: „ После 19 години, овде повторно потрчав“ Заболените од мултиплекс склероза прават само една петина од посетителите на Горна Трепча. Тие со кои што разговаравме, говорат во суперлатив за ова лекувалиште. Новосаѓанката Ана Цуцуз (52), која што цели две децении се бори со ова зло, подигнала и два сина. Дочекала и внуци. Вели: - Верувајте јас овде, минатата година, прв пат по 19 години потрчав! Во Нови Сад поради болеста и не излегувам од станот, не одам ни во продавница. Овде доаѓам еднаш годишно. Минатата година добив желба да потрчам, и така несигурно пробав, и успеав. А тогаш излегов во приквечерината , никој да не ме види и помалку трчав. Овде сум само два дена и се уште сум несигурна,но верувам дека наскоро повторно ќе можам да потрчам.....
ЧАЧАНСКИ ГЛАС, 24.07.1998. година Лековитата моќ на водата, медицинска помош, топол збор....В. Степановиќ: „ Лековитата моќ на водата, медицинска помош, топол збор....“ Рада Масиќ, од Нови Сад, од својата триесета година болува од мултиплекс склероза. Пред прв пат да дојде во Бањата, три години неподвижна лежела во новосадската болница, и кога целосно изгубила надеж дека некогаш повторно ќе прооди , и ја предложиле Горна Трепча. Од тогаш три пати годишно доаѓа во ова банско место и благодарејќи му денес е на нозе.- Горна трепча ми ја врати вербата во животот. Одма по првото доаѓање осетив фантастично подобрување. Не можев ни да претпоставам дека благодарејќи им на чудотворните моќи на трепчанската вода, повторно ќе проодам.... Јелица Дробњак од Д.Горевница, прв пат дошла во Горна Трепча. Разлог за нејзиниот престој во стационарот е преживеаниот инфаркт на мозокот. За само една недела, Јелица, благодарејќи му на благотворното дејство на трепчанската минерална вода , и со помош на стручниот надзор од медицинската служба, успеа повторно да застане на нозе и да прооди. А била целосно неподвижна....Постепено и помнењето и се враќа. Спрема проценките на Јелица дробњак и на нејзината ќерка Драгана, која што дошла со неа како придружник, условите за лекување се сосема прифатливи, сместувањето е прикладно, храната од ресторанот е вкусна, а љубезноста и однесувањето на медицинските лица е извонредна.
СРЕМСКИ НОВостИ, 29.07.1998. година Пациенти полни со благодарност„ Пациенти полни со благодарност“ -Долги години работев во Виена и на несреќа се разболев. Лекарите ми ја препорачаа Горна Трепча и еве доаѓам веќе трета година по ред. Воопшто не можев да одам, како што гледате сега одам со мала помош од мојата снаа. Претходно бев во Нишка па и во Соко Бања, немаше некои резултати. Задоволна сум и редовно ќе доаѓам. Вработените се љубезни, Бањата не е голем град, нема голема гужва, опкружена е со прекрасно зеленило и со шума, која е исто еден вид на лек- истакнува Видосава Стефановиќ од Вршац.
ДНЕВНИК, 6.09.1998. година Е, па до гледање во Трепча!С. Цупиќ:„ Е, па до гледање во Трепча!“ Вистински хроничар за животот во Трепча е и новосаѓанката Катица Алексиќ. Пред триесет години, сама вели, после посетите на многу лекувалишта по Србија, ја одбрала Трепча, и местото каде што ќе си направи куќа. Вели, прво си одбрала плац, а потоа го барала газдата за да го купи. Во местото во кое што бил изворот и лекувалиштето, тогаш имало само три селски куќи.
Политика експрес 18.08.1974. година Животот повторно се раѓаА. Ѓуриќ:„ Животот повторно се раѓа“ И.Н., од Рускиот Крстур, кај Врбас, оболела од склероза мултиплекс од 1966. година. Повремено го губела видот, помнењето, слухот. Во многуте болници лекарите биле немоќни. Во јули 1974. година дошла во Горна Трепча со последна надеж за оздравување. Во август 1974. година, проодила и прв пат по осум години обула сандали. За тој среќен момент ја обавестила мајка и преку писмо. Помеѓу другото вели: „ Мајка ми најдобро знае што значи тоа... и не се чудете, немој да се смеете, сега во секој миг си ги обувам сандалите, и многу ми е убаво во нив. Овие денови во ист момент се тоа ми беше и тажно и смешно. Јас, која со години играв во играорна група, учам да одам...Повторно се родив, им благодарам на сите кој го откриле ова богатство, оваа бања, му благодарам на управникот Остоја Урошевиќ, на тој племенит човек кој е секогаш со нас во моментите на очај, кој не храбри да истраеме на овие патеки на надеж и живот....“
Политика експрес 01.02.1972. година Проодела после 12 годиниА.Ѓуриќ:„ Проодела после 12 години“ Риечанката Мара Филиповиќ вели:„Трет пат сум тука, овде започна мојот нов живот. Овде ќе останам 15 дена, толку трае мојот училишен распуст. Првиот пат престојував 25 дена, а вториот пат бев 21 ден. Ова беше мојата последна надеж: повеќе од две години бев врзана за постела. Каде се не бев и на кого се не му се обратив, но немаше никакво подобрување. Така се одлучив да дојдам и во Трепча. Проодев после седум дена и тој ден никогаш нема да го заборавам: тоа беше на 27. октомври минатата година. Од среќа не можев да спијам, цела ноќ ја држев свиткана десната нога, плашејќи се повторно да не се згрчи. Од тогаш добро се чувствувам, ќе доаѓам тука до конечното излекување.
Новости 28.12.1971. година Проодела во Горна ТрепчаД.Симовиќ:„ Проодела во Горна Трепча“ Ј.М., 21 годишна девојка од Велико Село, кај Пожаревац, оболела од склероза мултиплекс. Цели пет години била врзана за постела. Посетила многу лекари и болници. Се лекувала во Петровац на Млава, Пожаревац, Смедерево, Уб, и Белград. Минатата година ја довеле во Горна Трепча. Неподвижна ја носеле на раце и во тоалет. На десетиот ден почувствувала болки во нозете и во рацете. После 15 дена се чувствувала многу подобро, но се уште не можела да оди. Минатата година, на есен, повторно дошла во Горна Трепча. Овој пат и било многу подобро. Ги направила и првите чекори. Во декември 1971. година го завршила и третото лечење во Горна Трепча, по кое била целосно опоравена.
СВЕТ, број 691 од 17.01.1970. година Препородена сумД.Симовиќ:„ Препородена сум“ Ј.Б. домаќинка од Загреб, оболела од мултиплекс склероза пред осум години. Последните четири години не можела да се движи без туѓа помош. Се лекувала во Загребската невролошка клиника, одела во бањата Липик, но се било безуспешно. Секој ден и било се полошо и полошо. Во Горна Трепча дошла во август минатата година. По неколку капења во термоминералната вода почнала да оди без ничија помош. Подоцна се опоравила уште повеќе. Оди и работи дома.
СВЕТ, број 688 од 27.12.1969. Се тоа ми личеше на сонД. Симовиќ:„ Се тоа ми личеше на сон“ В.Т. службеник од Белград, 18 години болувала од хроничен ревматизам-reumatoid arthritis. Посетила неколку клиники и бањи. Примила безброј инјекции и користела најразлични медикаменти, но здравствената состојба не и се подобрувала. Напротив и било се полошо. Последните две години ги поминала во постела. Не можела да се движи без туѓа помош. Секој ден земала Pronizon за да си ги ублажи неподносливите болки. Од болеста, рацете и нозете почнале да и се деформираат. Штом започнала да се капе во термоминералната вода на Горна Трепча почувствувала реакција. После само 6 дена почнала да оди. На дванаесетиот ден престанала да пие Pronizon. Повеќе не чувствувала болки. По 15 дена поминати во Бањата се вратила дома. Можела да оди, се изгубиле отоците на зглобовите. |


