Registracija Korisnika

Pregled pojedinih sadržaja na našem sajtu je omogućen samo za registrovane korisnike. Možete se i Vi registrovati popunjavanjem narednih polja.



Карактеристики и состав на водата PDF Štampa El. pošta

Водата во Атомската Бања Трепча е слабо алкална, хидрокарбонатна, олиго минерална, акратотерма.

 

Анализите кои што во 1990. година ги изврши Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Белград, покажаа дека водата има селен.

Истражувањето на водата на секои 3 години, го врши Институтот за рехабилитација Белград- Сокобањска 17.

Поради своите карактеристични физички и хемиски карактеристики, минералните води, кои што се испитани на територијата на Горна Трепча, може да се користат за медицинска рехабилитација на заболените од невролошки и ревматски болести.

Atomska-banja

Индикации за лекување:

 

РЕВМАТСКИ БОЛЕСТИ

Хроничен инфламаторен ревматизам

  • -Бeхтереева болест,
  • реуматоиден артритис

Дегенеративен ревматизам

  • артроза на зглобовите;
  • спондилози и спондилатрози;
  • дископатии.

Екстраартикуларен ревматизам

  • miofibrozitis;

fibrozitis, panikulitis tendinitis burzitis и психоген ревматизам.

НЕВРОПСИХИЈАТРИСКИ БОЛЕСТИ

  • Мултиплекс склероза,
  • Состојба по преминувачки миелитис и енцефаломиелитис,

Адхезивен спинален арахнитис,

  • Пострауматски миелопатии,
  • Церебрална парализа, моно и полинеуритиси,
  • Неурози, неурастении, дистонии и депресивни состојби.

БОЛЕСТИ НА ГАСТРОИНТЕНСТИНАЛНИОТ ТРАКТ

  • хроничен гастритис и дуоденитиси,
  • Улкусна болест на желудецот и дуоденумот без компликации,
  • Функционални болести на желудецот и на дуоденумот.

Atomska banja - Izvor zdravljaЗАБОЛУВАЊА НА ПЕРИФЕРНИТЕ КРВНИ САДОВИ

  • Хронични заболувања на артерискиот периферен крвоток,
  • Хронични едеми од венско потекло.

Термоминералните извори на Трепчанската Бања спаѓаат во најдобро проучуваните во нашата земја.

Првото испитување на физичко- хемиските својства на водата го извршиле 1904. година др. М. Николиќ и др. А. Зеге. Минералните извори на Трепчанската Бања врзани се за длабока раседна линија и се јавуваат на длабочина од неполни 100 метра, на десниот брег на клисурастата долина на бесниот поток, во подножјето на шумовитите делови на планините Вуин и Буковик.

Изворите се доста јаки и по состав се доста слични. Температурата на водата е 29,8°C.

Трепчанската бања содржи ретки микроелементи познати по своето активно биолошко дејство на човековиот организам. Горна Трепча се наоѓа во широк реон кој изобилува со најпознатите бањи ( Врњачка, Матарушка, Богутовачка, Овчар бања, и др.) не само во нашата земја туку и во Европа. Голема компаративна вредност на Горна Трепча е тоа што мал број на термоминерални извори во Србија имаат радиоактивни својства, а тоа, најверојатно ќе биде од пресудно значење за понатамошниот развој на бањата.

Утврдено е дека водата од минералните извори на Горна Трепча е благо радио-активна, затоа што покрај вообичаените минерали калиум (K), калциум (Ca), натриум (Na), хлор (Cl), бариум (Ba), железо (Fe), сребро (Ag), манган (Mn), алуминиум (Al), олово (Pb), хром (Cr), никел (Ni), бакар (Cu), сулфор (S), и други, содржи и многу ретки, готово непознати елементи како што се: Цезиум, рубидиум, стронциум, литиум, кобалт, ванадиум, титан, уран, радон и радиум.

Благодарејќи и на содржината на набројаните ретки елементи Горна Трепча го добила името „Атомска бања“. Во неа за прв пат во термалните води откриен е цезиумот.

Среќна околкност е тоа што односот на елментите во термалните извори е многу поволен, а радиоактивноста е мала ( високо радиоактивните води се штетни за човековиот организам).

Максималната содржина на радон изнесува 3,3 до 7,7 Манхеови единици. Најверојатно во поволниот однос на елементите во термо-минералните води се крие тајната за оздравување на многу пациенти.

Од литературата познато е дека цезиумот допринесува при лечењето на нервниот систем, епилепсијата и го регулира крвниот притисок. Литиумот, рубидиумот и стронциумот делуваат на нервниот систем, но и на ревматичните заболувања. Стронциумот е неопходна состојка за сраснување на коските по фрактури на истите. Има голема улога во растот на коскеното ткиво, посебно во последниот стадиум од развојот на плодот. Кај заболените од рахитис утврден е недостаток на стронциум во коскеното ткиво.

Во однос на термалната вода хумусот, глината и карпите содржат околу 2000 пати повеќе литиум, 4000 пати рубидиум, околу 3000 пати стронциум и 150 пати цезиум.

По ова откритие во Горна Трепча, за лекување, покрај термо- минералните води, врз основа на препорака на медицинските стручни лица, се користат пелоиди- лековита минерална кал, направена со мешање на хумусот и на термо-минералната вода. Пациентите во Горна Трепча се капат два пати дневно, исклучок прават само пациентите на кои лекарот им одредил едно капење дневно, поради контраиндикации.

Стручните лица од Институтот за нуклеарни суровини, врз основа на анализата на содржината на H2S компонентата во термалните води на Горна Трепча, утврдија дека тие не припаѓаат во слабосулфатните, како што секогаш порано се чинело, туку дека припаѓаат во видот на хидрокарбонатни земно-алкални води.

Ph вредноста се движи помеѓу 7,4 и 7,5, станува збор за слабо алкален карактер.

Термо-минералната вода е јувенилна, што не значи дека не постои опасност со текот на времето да се исцрпи. Составот и температурата на водата се константни, со што се обезбедува перманентна лековитост, затоа што водата поминува низ радиоактивни карпи.

Геохемискиот состав на водата во Горна Трепча при флаширањето и транспортот останува траен, а меѓусебните односи на елементите не се менуваат. Нормално, радиоактивноста со текот на времето опаѓа, како и во сите други случаи.